Брза торта со вкус на лимон за сите кои обожаваат вакви торти.
Состојки: 3 јајца,1 ќесичка ванилин шеќер, 150 гр шеќер, 150 мл млеко, 100 мл масло, 250 гр брашно, 1 ќесичка прашок за пециво, 1 лимон ( кора рендана), 2 лимони (сок од цедени лимони), шеќер во прав.
Подготовка:
Најпрво јајцата, шеќерот и шеќерот во прав ги матиме со миксер, додека не добиеме убава пенаста смеса, и потоа постепено, ги додаваме млекото, маслото, брашното и прашакот за пециво. Откако ќе ги соединиме сите овие состојки, додаваме кора од еден рендан лимон и сок од два цедени лимони. Потоа мешаме со и ја ставаме смесата во набрашнета тава. Може да користите и куглов. Смесата се пече околу 30 минути. Откако ќе се излади тортата може да ја наросите со шеќер во прав.