Басистот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа, официјално доби поддршка од Левица и тој ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори. Информацијата на Фејсбук ја објави и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, а истото го сподели и Перо Камиказа.
„Ајде за арно нека е. За поубаво Скоје. Тргна возот, нема запирање, со ксмет нека е “, вели Петар Георгиевски за кандитаурата и за поддршката од Левица.