Третиот маж ми се погоди: Хајди Клум за бракот со Том Каулиц

Третиот маж ми се погоди: Хајди Клум за бракот со Том Каулиц

пред 4 години

Германската манекенка Хајди Клум во интервју за „Ентертејнмент тунајт“ по долго време првпат зборуваше за нејзиниот приватен живот, па одговори и на прашањата за бракот со нејзиниот трет маж, музичарот Том Каулиц.

„Конечно ја најдов својата сродна душа. Како голем романтичар, правам многу чудни работи – оставам убави белешки насекаде и правам многу за него… Толку е прекрасно кога вашиот партнер реагира спонтано. Наскоро ќе имам 48 години и веќе третпат сум во брак, а мојот трет брак ми се погоди, тој е едноставно, прекрасен“, вели манекенката.

Клум и гитаристот на германската група „Токио хотел“ се венчаа 2019 година. Таа е скоро 16 години повозрасна од него. Пред тоа, таа беше во брак со пејачот Сил, од 2005 до 2014 година, а претходно, од 1997 до 2002 година, беше омажена за стилистот Рик Пипино.

Share
Scroll to Top