Третоодделенци од Скопје освоија награда во Берлин за проектот „Вселенски летала“

Третоодделенци од Скопје освоија награда во Берлин за проектот „Вселенски летала“

пред 4 години

Пет ученици од основното училиште „Лазо Трповски“ од Скопје, освоија награда за проектот „Вселенски летала“, на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај кој се одржува во Берлин, Германија. Во проектот без вклучени учениците од 3в одделение: Андреј Андоновски, Јана Блажева, Андреј Новевски, Георгина Стојанова и Максим Станоев, а го координираа двајца наставници во својство на ментори: Розета Сугарева и Стефан Симовски.

Натпреварот го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, Луфтханза Техник АД, концернот ЕАДС (во чиј склоп влегува и познатиот производител на патнички авиони Ербас) и концернот Крајслер. Најдобрите проекти ги избираше деветчлено стручно жири.

На наградените ученици им се обрати раководителот на натпреварот, Ридигер Штајн.

„Ви благодарам за прекрасниот проект. Не тагувајте што не стоите највисоко на пиедесталот, но и вие сте меѓу наградените на натпреварот. Радувајте се, освоивте награда. Наградени сте затоа што вашиот проект е фантастичен, затоа што се забавувавте додека го работевте и затоа што сте одлични тимски играчи. Вашата награда е летачки трофеј и диплома за секој од вас. Се надевам дека учеството на натпреварот ви беше толку забавно како што му беше и на стручното жири кога го оценуваше вашиот проект“, им рекола Штајн на учениците, пренесоа од училиштето.

Share
Scroll to Top