Под слоганот „Диши длабоко и погледни кон небото. Си замисли желба? Се гледаме на Галичник!“, од утре, 3 август започнува третото издание на Галичник филм фестивал.
Оваа година во официјалната селекција на овој филмски фестивал влегуваат имиња на краткометражни филмови од автори од целиот свет.
Филмови кои доаѓаат директно од Канскиот филмски фестивал, Оскарите, Санденс, ИДФА, Торонто Интернешанел филм фестивал ќе и бидат достапни на македонската публика.
Најавените 20 кратки филма се поделени во три различни категории; играни, документарни и анимирани краткометражни филмови.
Музичката програма што ќе следи по проекциите ќе ја пополнат Ѓорѓи Шаревски и Јане Трајковски на 5 август, DJ Гоце Саф на 6 и DJ Зоки Бејбе на 7 август.
Програмата на Галичник Филм Фестивал е бесплатна.
Фестивалот е во организација на Дарма Филм и Месна заедница Галичник, а е во поддршка на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.