Три милиони денари од државата за младите кошаркари кои го освоија златото

Три милиони денари од државата за младите кошаркари кои го освоија златото

пред 3 месеци






Владата на денешната седница одлучи со износ од 3 милиони денари да ги награди кошаркарите до 18 години кои освоија злато на европското кошаркарско првенство.

За младинските селекции на Македонија ова беше четврто финале во натпреварувањата од Б-дивизијата и прв трофеј. Селекцијата до 20 години играше финале минатата година во Скопје, но и во 2006 година во Лисабон и двапати загуби.

Македонија одигра осум натпревари на првенството во Скопје и оствари совршен скор од осум победи.






Share
Scroll to Top