Тротинет заврши во езерото во Аеродром кај Џевахир кулите

Тротинет заврши во езерото во Аеродром кај Џевахир кулите

пред 1 година





Уништен е уште еден од новите 500 електрични тротинети кои Скопјани можат да ги изнајмуваат. Несовесен граѓанин го фрлил во езерото во населбата Аеродром, кај Џевахир кулите.

За потсетување, дел од новите 500 електрични тротинети кои Скопјани од неодамна можеа да ги изнајмувааат се уништени. На „Фејсбук“ се споделуваа фотографии од некои од нив кои несовесни граѓани ги фрлиаа во контејнер или им ги искршија екраните.

Некои од нив се жалеа и пријавуваа неправилности во управувањето. Велат дека иако ставиле крај на возењето, апликацијата продолжувала да им наплаќа.






Share
Scroll to Top