Тупак е убиен пред 25 години во пресметка на банди, теориите на заговор дека сè уште е жив, постојат и денес

Тупак е убиен пред 25 години во пресметка на банди, теориите на заговор дека сè уште е жив, постојат и денес

пред 3 години

Славниот американски рапер, Тупак Шакур, починал на 13 септември 1996 година, откако бил застрелал во Лас Вегас. Многумина, до ден денес, не веруваат дека раперот навистина умрел тој ден. Повеќе од две децении кружат теории дека тој е жив.

Пред две години, детективот Грег Кадинг, кој работел на случајот, открил некои непознати детали за тој случај. Тој раскажал дека убиецот бил Орландо Бејби Андерсон, кој го убил Тупак од одмазда, откако бил претходно претепан од негови членови на банда.

Тој и самиот бил убин две години подоцна во престрелка на банда. Сè до неговата смрт, тој негирал било каква вмешаност во убиството на Тупак. Никогаш и не беше обвинет за тоа.

„Андерсон е тип со кого Тупак се тепаше таа вечер, а кој подоцна се врати да му се одмазди со својата банда“, рече детективот за медиумите.

Од друга страна, поранешниот телохранител на Тупак, раскажа дека тој му помогнал на раперот да ја лажира својата смрт и да побегне на Куба. Во последните 25 години, излегоа голем број на теории на заговор за смртта на славниот рапер.

Многу луѓе се јавувале во медиумите, говорејќи дека го виделе раперот или дека имаат детали за неговата смрт. Постојат и такви кои се убедени дека и ЦИА го киднапирала раперот како заштитен сведок, но, од агенцијата брзо ги негираа ваквите наводи.

Талентираниот рапер е роден во сиромашниот дел на Њујорк, а често говорел за тоа дека му е чудно како од сиромашен станал богат. Тупак верувал во карма, но, не и во разни религиски обичаи. Бил близок со Џејда Пинкет, денес сопруга на Вил Смит, а тоа пријателство траело сè до неговата смрт.

Неговиот раст на популарност започна во 1991 година, откако го објави албумот 2Pacalypse Now. Во песните говорел за неговото израснување во сиромашно гето, насилството, криминалот, а низ музиката испраќал силни политички пораки.

И ден денес, многумина ги слушаат неговите безвременски хитови, а култниот магазин Ролин Стоун, го стави на листата на 100 најголеми уметници на сите времиња.

Share
Scroll to Top