Угина жирафата Тобого од скопската Зоолошка градина

Угина жирафата Тобого од скопската Зоолошка градина

пред 2 години

Жирафата Тобого, една од трите жирафи во скопската Зоолошка градина, вчера угина ненадејно. Денес на жирафатаа ѝ е направена обдукција, но не се констатирани физички повреди. Од Зоолошката велат дека во наредните денови ќе ги добијат целосните резултати од обдиукцијата и причината за угинувањето на Тобого.

„Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување“, велат од скопската Зоо.

Роден е Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 2013 година.

Share
Scroll to Top