Уморно од исмевањата на туристите, селото Фукинг го промени името по 1.000 години

Уморно од исмевањата на туристите, селото Фукинг го промени името по 1.000 години

пред 7 месеци

Австристо село Фукинг (Fucking) конечно ќе се ослободи од своето несреќно име, заради кое најчесто ги привлекуваше туристите . Градоначалничката Андреа Холцнер изјави дека името ќе биде променето во Фугинг (Fugging) на 1 јануари 2021.

„Можам да потврдам дека името на селото е променето. Не сакам ништо повеќе да додадам, имавме доста медиумско лудило во минатото“, изјави Холцнер.

Селото со околу 100 жители во Горна Австрија долго време се залагаше за промена на името, кое датира уште од 11. век и на германски нема никакво значење. Но, локалните жители станале фрустрирани од туристите, кои се фотографираа покрај знаците, а плус им ги краделе.

Селото кое се наоѓа северно од Салцбург, во близина на германската граница, беше непознато за светот и водеше мирен живот се додека не се појави на интернет, каде што редовно се вклучуваше на листите на местата со најсмешни имиња.

„Доста ни беше од посетители и од нивните лоши шеги“, кажаа жителите.

Share

ANIMEFLIX animeflix aot: Watch So I'm a Spider, So What? Episode 10 (https://animeflix.nl/m/q5vK/ep-10)

AnimeFreak free anime: Watch High-Rise Invasion Episode 3

Scroll to Top