Уште една американска компанија прекина со испитувањето на терапијата против короната

Уште една американска компанија прекина со испитувањето на терапијата против короната

пред 3 месеци

Откако американската компанија „Џонсон и Џонсон“, прекина со испитувањето на вакцината против коронавирусот, уште еден американски производител на лекови „Илај Лили“, соопшти дека ги прекинува сите клинички испитувања и терапии против Ковид 19, кои ги спонзорира владата.

Како што пренесуваат светските агенции, причината за прекинот е прашањето по нејзината безбедност. Од компанијата засега не коментираат какви ќе бидат импликациите од прекинот на клиничките испитувања.

Од компанијата претходно овој месец соопштија дека ќе се пријават за добивање на итни дозволи за употреба на терапии со антителата, од лекот LY-CoV555.

Ваквите терапии беа наменети за пациенти со умерена до средна сериозност на заболување со Ковид 19. „Илај Лили компани“ е производител на лекови против Ковид 19, кои содржат антитела, слични на оние кои ги земал американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп во видеото кое минатата недела го објавил на социјалните мрежи, терапијата со антитела која ја произведува компанијата „Илај Лили“, заедно со компанијата „Регенер“, ја претстави како лек за „Ковид 19.

Објавата за „Илај Лили“ следеше еден ден откако компанијата „Џонсон и Џонсон“, соопшти дека е принудена привремено да прекине со испитувањата на своите експериментални вакцини против коронавирусот, откако еден од доброволците, испитаници, се разболе.

Од компанијата соопштија дека не се знае дали лицето ја примило вистинската вакцина или плацебо.

Share

Watch The Irregular at Magic High School: Visitor Arc Episode 10 at website https://gogoanime.be. See more gogo anime tv

One Punch Man 2nd Season Episode 12 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll free account

Scroll to Top