(Видео) Момче се убило мислејќи дека изгубило 750.000 долари на апликација за трговија со акции

(Видео) Момче се убило мислејќи дека изгубило 750.000 долари на апликација за трговија со акции

пред 3 години

Дваесетгодишниот Алекс Кернс, се убил минатиот јуни, затоа што сметал дека изгубил 750.000 долари, на ризичен облог, на апликацијата за трговија на акции „Робинхуд“. Алекс на оваа апликација почнал да тргува уште кога бил тинејџер.

Неговите родители сега планираат да поднесат тужба против компанијата. Тие ги обвинуваат одговорните во „Робинхуд“ за неправда, невнимание и неправедна деловна пракса, пишува CBS News.

Родителите на Алекс, во тужбата навеле дека компанијата целела на млади и неискусни клиенти, кои откако ќе ги примамела ги терала да прават ризични трговски акции.

Тие велат дека кога на некој од клиентите ќе им биде потребна помош, како што му била потребна и на Алекс, ден пред да почине, од компанијата „Робинхуд“, не им давале никаква значителна корисничка поддршка.

Алекс почнал да вложува средства од сопствената заштеда. Тоа биле пари кои ги добивал од неговите баба и дедо, од роденденските подароци, а заштедил пари и од платата. Алекс имал заштедено околу 5000 долари.

Но, Дан и Дороти Кернс не сватиле дека компанијата „Робинхуд“ му одобрила опција за да може да купува и продава акции од голем ризик, со потенцијал да загуби големи пари.

„Не разбрам како воопшто дозволиле да се случи тоа“, изјавил Дан Кернс.

На 11. јуни 2020 година, Алекс добил известување од компанијата дека е во минус од 750.000 долари. Потоа добил и барање дека треба да подмири долг од 170.000 долари. Пораката автоматски му била стигната од мејлот на компанијата. Подоцна тој ден Алекс се убил.

Ден подоцна пак, стигнал одговор од компанијата дека е во прашање грешка и дека Алекс не должи ниту еден долар.

Share
Scroll to Top