„Фанк шуи“ имаат најдобро фјужн-видео на „Адриа мјузик авордс“

„Фанк шуи“ имаат најдобро фјужн-видео на „Адриа мјузик авордс“

пред 3 години

Македонскиот бенд „Фнк шуи“ ја освои наградата за најдобро фјужн видео за 2020 година за песната „Метеори“ на регионалниот фестивал на кратки музички филмови „Адриа мјузик видео авордс“. На фестивалот што се одржа викендов во вид на две телевизиски емисии, беа доделени награди во 16 категории. Најдобрите, освен признаниja, добија и електрични гитари.

Освен „Фанк шуи“, наградени беа и „Буч Кесиди“ за најдобро видео за песната „Тихо“, наградата за најдоброто рок-видео ја добија „Гоблини“, најдобро видео на нов изведувач е Лу Јакелиќ, најдобро анимирано видео Марина Узелац и други.

За потсетување, фестивалот ги избра најдообрите кратки музички филмови кои објавени од 1 јануари 2018 година до 31 декември 2020 година. Повеќе од 3.000 спотови од цела поранешна Југославија, а жирито номинираше по десет во сите во 16 категории.

Share
Scroll to Top