ФБИ бара Ким Кардашијан да врати украдена римска статуа

ФБИ бара Ким Кардашијан да врати украдена римска статуа

пред 5 години

Американската влада бара ријалити ѕвездата Ким Кардашијан да ја врати античката римска скулптура која илегално била шверцувана од Италија. Според нив, Ким во 2016 година од Axel Vervoordt Gallery во Белгија купила статуа од варовник, позната како Fragment of Myron’s Samian Athena. Кардашијан, пак, тврди, дека таа никогаш не го купила делото и дека некој најверојатно само го искористил нејзиното име.

Античкото уметничко дело, кое датира од 1 или 2 век, било запрено на царина кога пристигнало во Лос Анџелес во мај 2016 година, оти властите сметале дека може да е заштитено културно богатство, се вели во извештајот на ФБИ што го објавија медиумите.

Во 2018 година, италијанското Министерство за културно наследство испратило археолог да го испита делото. Експертот потоа заклучил дека оваа статуа е украдена, шверцувана и нелегално извезена од Италија, и државата побарала статуата да се врати назад во Италија.

Сега ФБИ побара од Ким да се откажe од делото и тие во петокот, во Калифорнија, поднесоа тужба за конфискација на имот.

„Ким никогаш не го купила ова парче и првпат дознава за неговото постоење. Ние веруваме дека делото е можеби неовластено купено со нејзино име, и бидејќи никогаш не стигнало до нејзината адреса, таа не била ни свесна за некаква трансакција. Охрабруваме понатамошна истрага и се надеваме дека статуата ќе им биде вратена на нејзините вистински сопственици“, рекла претставничката на Кардашијан за медиумите.

 

 

Share
Scroll to Top