Манекенката Адријана Лима во црн долг фустан отворен на стомакот се појави на црвениот килим на премиерата на филмот „Top gun“. Ваквиот модел на фустан е популарен помеѓу славните трудници. Сличен стајлинг носеше и пејачката од Барбадос, Ријана која каде и да се појавеше го покажуваше трудничкиот стомак.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Премиерата на филмот се одржа на Канскиот филмски фестивал во Франција, а Лима блесна во фустан на Balmain со накит Chopard. До манекенката беше и нејзиното момче, филмскиот продуцент Андре Лемерс со кој чека бебе.
View this post on Instagram
Покрај тоашто се појави на премиерата на филм, Лима откри дека се сликала и за насловната страница на бразилското издание на магазинот „Elle“.
View this post on Instagram
Адријана неколку пати носеше фустани со деколте од објавувањето на нејзината бременост во февруари, а неодамна носеше и фустан на модната ревија за Александар Ванг.
На Лима ова ќе и биде трето дете, а од првиот брак со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ има две ќерки Валентина и Сиена.