Поп-пејачкат Антониа Гиговска, го промени својот имиџ. Таа се офарба целата русокоса, со се корен и ги пушти шишките. На некои од фотографиите кои ги објави напиша дека е опседната со својот изглед. Од фановите пак доби само убави коментари дека изгледа секси.
Пејачката минатата година ги збуни фановите со новиот изглед, откако на „Инстаграм“ објави слика на која има нов имиџ – боб-фризура со шишки.
„Ја скусив косата“, напиша таа и доби комплименти за изгледот. Но, за „Репортер“ Антониа ни откри дека не ја скусила навистина косата, туку дека носи перика.
„Заради тоа што го напишав, сите мислат дека сум навистина шишана. Ама, перика е“, ни рече тогаш таа.