Елегантна, по малку во машки стил, ама доволно и секси, денес, пред членовите на Советот на јавните обвинители заклетва даде и обвинителката Фатиме Фетаи. Доскоршната специјална обвинителка сега е еден од петте новоизбрани јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. И овој пат не можеше а да не се забележи нејзиниот стил, за кој велат нејзини блиски се погрижил мајстор Борче. Иако во костим, Фатим остави впечаток, па сивиот строг костим го освежи со виолетови чевли и чанта. Без гајле, карминот пак е црвн, што е заштитен знак на обвинителката.
За потсетување, денеска пред членовите на Советот на јавните обвинители покрај Фетаи, заклетва дадоа и Наум Пановски, Сашо Рајчев, Бурим Рустеми и Снежана Бундалевска-Георгиева. Тие беа избрани на седницата на Советот, што се одржа на 22 април.