Пејачката и блогерка Ивона Јовановиќ, позната и како Ивова Јо, објави фотографии од лузните кои ги доби за време на операцијата која ја направи пред три месеци. Таа пред 3 месеци во Турција го скрати желудникот поради проблемите со вишокот на килограми.
Сега секој 26 ден од месецот вели дека го слави како да ѝ е роденден.
„Една од најважните работи која не сум ги знаела за себе е огромната потреба за љубов која секојдневно сум ја имала а ниту еднаш вистински не сум си ја пружила. Веќе подолго време ритуал и мое секојдневие е љубовта и грижата која и е потребна на Ивона. Силно се прегрнувам секој ден и славам ко да утре не постои. Затоа и секој 26 датум од месецот велам дека ми е роденден. Нов роденден. Нова јас. И да, почнувам да и простувам на Ивона. Ивона која не знаела зошто а ни како. Ивона поради која денес јас сум ова што сум. Те сакам“, рече Ивона и додаде дека полека почнува да си простува самата на себеси за минатото.
Пејачката за 3 месеци ослабе 37 килограми, што се дополнителни девет килограми за уште еден месец.
За потсетување во ноември Ивона дипломира на Природно-математичкиот факултет, на катедрата за Нутриционизам, а повторно се врати и на музичките настапи.