(Видео) Македонија, напред - јапонскиот град Чигасаки ќе навива за македонските спортисти на Олимпијадата во Токио

(Видео) Македонија, напред – јапонскиот град Чигасаки ќе навива за македонските спортисти на Олимпијадата во Токио

пред 3 години

Чигасаки е град со 250 илјади жители и ќе им биде дом на македонските спортисти за време на претстојните Олимписки и Параолимписки игри, кои ќе се одржуваат во Токио. Интересно видео снимија властите и жителите на градот, а им посакаа добредојде со поддршка на македонските спортисти.

„Македонија, напред!“, велат обичните луѓе во видеото со кренати раце за поддршка на македонските спортисти. Во видеото објавено на „Јутјуб“ градоначалникот Хикару вели дека ова е почеток на едно ново пријателство.

„Јас сум Хикару Сато, градоначаник на Чигасаки во Јапонија. Нашиот град е домаќин на спортистите на Македонија на Олимписките и на Параолимписките игри. Се надеваме дека ова пријателство ќе го продолжиме и во иднина. Се радувам што Македонците ќе го посетат Чигасаки. Јас и граѓаните ќе навиваме за македонските спортисти“, вели Сато.

Македонија ќе ја претставуваат осум спортисти на Олимписките игри во Токио. Пливачите Миа Блажевска-Еминова и Филип Дерковски, потоа теквондо – Дејан Георгиевски, во атлетика Јован Стојоски. Спортиската Пулексенија Јовановска во карате, Арбреша Реџепи – џудо, Борјан Бранковски – стрелаштво и Могамедгаџи Нуров – борење. Игрите се отвораат в петок, а веќе в сабота настапуваат Дерковски и Бранковски.

 

Share
Scroll to Top