Џенова со специјално видео му се заблагодари на Пандев

Џенова со специјално видео му се заблагодари на Пандев

пред 2 години

Најпознатиот македонски фудбалер Горан Пандев и официјално направи трансфер од Џенова во Парма, каде што ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната. По тој повод, италијанскиот прволигаш со специјално видео од постигнатите голови му се заблагодари на Пандев, кој беше дел од тимот од 2015 година.

Пандев во последните шест месеци од својата кариера, ќе биде соиграч со голманот Џанлуиџи Буфон кој потпиша за овој клуб на почетокот на оваа сезона.

За потсетување, тие вчера се видоа на првиот заеднички тренинг. Во тоа прилика, Пандев рече дека му било задоволство што ќе игра покрај светскиот голман.

„Знаеме што значи тој за светскиот фудбал и што сè направи во неговата кариера. Кога се видовме на првиот тренинг веднаш ми рече: Конечно сме во иста екипа, сега нема повеќе да ми даваш голови, рече Пандев за „Видеолотарија Касинос Австрија“.

Сега веќе нема да ми даваш голови, му рече Буфон на Пандев на првиот тренинг во Парма

Share
Scroll to Top