Од хрватскиот остров Локрум не смее ништо да се земе бидејќи носи несреќа

Од хрватскиот остров Локрум не смее ништо да се земе бидејќи носи несреќа

пред 1 година

Островот Локрум, кој се наоѓа на само 10 минути со брод од Дубровник, и се смета за една од најубавите дестинации во регионот, е отворен за посетители од април до ноември.

За прв пат се споменува во 1023 година како место на основање на бенедиктинската опатија и манастир. За него постојат бројни легенди, а најпознатата е дека од овој остров не смеете да земете ништо, бидејќи ќе му донесе несреќа на новиот сопственик.

Поради тоа што е посебен резерват на шумска вегетација е под заштита на УНЕСКО. Не е дозволено уништување или загрозување на било што, што се однесува на забрана за фрлање отпадоци, носење миленици или палење оган. Пушењето не е дозволено, а единствени што смеат да преноќат во Локрум се чуварите.

Островот се состои од зелени површини, но дебели слоеви на карпи од доломит. Крие неверојатни природни феномени, а можно е да сретнете и некои животни на островот. Еден од заштитните знаци се дефинитивно прекрасните пауни кои шетаат околу посетителите.

Покрај тоа, островот Локрум се издвојува по својот геолошки феномен, т.н Мртвото Море, кое всушност е солено езеро. Езерото се наоѓа на источниот дел на овој остров и служи како место за капење. Создаден е пред години кога во карпите се создаде вдлабнатина, која потоа се наполни со вода.

Поради својата неверојатна убавина и плодна почва, овој остров бил поволен за развој на флората и фауната, а поради топлата клима и светлата боја на морето, многумина го споредуваат со Бахамите.

Share
Scroll to Top