(Фото) Ким Кардашијан во златно бикини возеше велосипед по дома

(Фото) Ким Кардашијан во златно бикини возеше велосипед по дома

пред 10 месеци

Ким Кардашијан (42) повторно ги почести фановите со жешки фотографии, овој пат додека возеше велосипед во минијатурно златно бикини.

„Ноќно капење во Пуља“, рече Ким која се повозе покрај базенот. Многу од фановите ѝ коментираа дека велосипедот не ѝ бил потребен и дека ова немало врска со ноќното пливање.

Ким носеше златини бикини од брендот Dolce & Gabbana. Имаше и такви кои застанаа зад неа и ја пофалија дека изгледала убаво.

„Зборете што сакате, но Ким е многу убава жена. Изгледа многу добро за нејзини години“, и напишаа некои од нив.

Ким неодамна објави дека нејзиниот бренд Skims ќе пушти во продажба нова линија градници, таканаречени ултимативен градник. За потсетување, таа неодамна стана сопственичка на најскапата двокатна вила во елитен кварт и четврта најскапа во Калифорнија.

Својот нов дом во Малибу кој некогаш ѝ припаѓаше на манекенката Синди Крафорд го купи за 70,4 милиони долари.

„Куќава за мене е резултат на напорна работа за која вложив многу време и сега уживам во плодовите“, рече Ким. Куќата е со 7.450 квадратни метри и се наоѓа на карпа со поглед на океанот.

Покрај пристапот до приватна плажа, има и базен со простор за одмор и камин на отворено, тениско игралиште, луксузен спа центар и градина што повеќе личи на тревник со ретки растенија.

„Чувствувам нова енергија. Со нетрпение очекувам да направам спомени оттука“, рече Ким,

Share
Scroll to Top