(Фото) Марадона дента пред да почине го избркал докторот од дома

(Фото) Марадона дента пред да почине го избркал докторот од дома

пред 7 месеци

Диего Армандо Марадона, дента кога почниал го избркал својот лекар и човекот кој го оперирал, Леополд Луке, пренесува весникот „Кларин“. Смртта на легендарниот фудбалер и понатаму е главна тема во аргентинските медиуми.

„Кларин“ прв ја објави информацијата дека Марадона почнал, а сега објави и детали од последните моменти со легендарниот фудбалер. Диего се умори од Мараона. Се бореше се своите „демони“, кои го пратеа низ целиот живот. Беше емотивно растргнат и тоа особено се гледало во неговите последни денови од животот.

„Во своите последни денови, на Марадона му се помешаа чувства на среќа и бес и тие демони секогаш го следеа. Беше осамен, тажен. Во стапицата на неговите демони. Така умре Диего Марадона“, го почнува текстот „Кларин“.

Весникот открива како изгледале неговите последни денови, од моментот кога тој бил во болница, поради операција на хематом на мозокот.

Додека бил во болница, неколку дена пред смртта и додека ја чекал отпусната листа, по операцијата во клиниката „Оливос, Марадона смислил план за бегство. Тој го замолил лицето кое се грижело за него, да ја сменат облеката.

Диего му објаснил дека бил изморен од животот и дека сакал да побегне од собата. Лицето го одбило и му рекло дека не сака да му помогне околу бегството.

Сите кои го посетувале во последните денови, се согласни дека на Диего му здосадило да биде Марадона и сакал да побегне од сето тоа што го опкружувало. Сакал да ужива во едноставните работи, кои се спротивност на неговиот постојан живот на рок ѕвезда.

Последните неколку месеци имал нутриционистички план, во кој биле вклучени и голема доза на витамини и протеини. Но, пред својот 60. роденден, тој се одлучил да го напушти тој план. На неговиот роденден користел алкохол и лекови за намалување на болките.

Имал болку и во душата и телото. Шеесетите години за него биле многу тешки. Бил тажен и сам. Премногу му недостигале родителите. Смртта на Дон Тоте во 2011 година и Дон Диего во 2015 година, го погодија премногу. Тој останал без родителите и безусловната нивна љубов.

Тие биле единствените кои му пружале љубов и поддршка. Марадона сакал да ги собере и своите деца на куп. Имал пет признати и три на Куба, за кои им раскажувал на другите свои деца, но чиј идентитет никогаш не бил откриен.

Хоспитализацијата во домашни услови била одлука која ја донел Марадона. Останува прашањето дали таа била најдобрата опција. Постоела и опција да посетува клиника за одвикнување, или на принудна неуропсихијатрија, но Диего бил свесен, автономен и можел сам да одлучува за себе.

И одлучил. Марадона бил пуштен на домашно лекување, со напомена дека мора да биде под 24 часовен надзор. Таму членовите од семејството и пријателите кои се грижеле за него, се обидувале да го задржат во живот. Но, Диего остана незадржлив, како и на фудбалскиот терен.

Таков бил случајот и со својот последен лекар, Леополд Луке, кој го оперирал неколку недели пред смртта. Марадона го исфрлил од куќата, кога овој му дошол на посета. Тоа бил денот кога Марадона починал. Леополд бил еден од ретките кои Марадона го слушал во последно време.

Меѓу нив двајцата постоела некаква хемија и тоа било љубов како меѓу татко и син. Но, Диего не секогаш ги слушал наредбите кои му ги давал Луке. Кога лекарот пристигнал во неговиот дом, за време на нивната последна средба, го затекнал Марадона во кревет.

Го повикал да стане, а Марадона кога се дигнал на нозе, се обидел да го истерал Луке од неговиот дом. Дури и му се заканил дека ќе го удри, ако веднаш не си замине. Се обидел да му удри и шамар.

Луке од 2016 година, кога се запознале, се обидувал со други експерти да му помогне на Марадона, но во период од четири години, тој не успеал. Нивниот однос се движел од љубов до омраза и така во круг, се до последните денови од животот на Марадона.

Последните две недели Марадона минал низ вистински емоционални турбуленции. Првиот ден по отпуштањето од клиниката Оливос, биле добри и охрабрувачки за него. Изгледал дека е волен да ги промени своите навики во согласност со желбите на својот народ.

Марадона изгледал среќно што успеал да го собере семејството, дури и по цена на тој хематом во главата, поради кој морал да оди на операција.

Но, тогаш му се вратиле противречностите. Незадржливата желба за повторно да биде Марадона. Добриот Диего, се претвори во бесниот Марадона. Повторно му се вратило чувството на осаменост. Марадона бил убеден дека тоа што го прави е најдобро за него и не сакал помош.

Од време на време повторно ќе му се вратела неговата карактеристична смисла за хумор, која ќе се појавле поради грижата за семејството, но тоа не траело долго. Последниот часови Марадона ги поминал сам, тажен, заклучен во своите духови.

Не сакал да види никого. Заминал на спиење и бил нервозен. Тоа била последната слика од живиот Марадона. Повеќе никогаш не се разбудил. Неговото срце престанало да чука во сон. Сега истрагата треба да покаже дали станува збор за пропуст на медицинските сестри.

Тие требало да се грижат за него 24 часа, но едноставно за Диего немало помош.

Адвокатот на Марадона ги обвини лекарите дека бавно реагирале за да го спасат

Share

GoGoAnime anime stream: Watch Umibe no Étranger Episode Full (https://gogoanime.be/m/p0GE/ep-1)

AnimeHeaven boruto anime heaven: The Daily Life of the Immortal King Episode 15

Scroll to Top