(Фото) Мисица го тешеше Роналдо по поразот од Србија

(Фото) Мисица го тешеше Роналдо по мечот со Србија

пред 4 години

Билјата Драгаш од Нови Сад или Мис Билјана како што ја нарекуваат на „Инстаграм“, го пречека најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, по мечот со Србија од пред неколку дена.

Таа ја користи секоја ситуација кога Португалецот ќе дојде во Белград за да се сретне со него. Така беше и овој пат. На Билјана нема проблем со посебните мерки за безбедност, поради кои на обичните фанови им е потешко да дојдат до фудбалерот.

Билјана го пречека нервозниот Роналдо, кој беше љут по мечот со Србија, затоа што не му беше признаен погодокот. Играчот на Португалија, во знак на протест ја фрли и капитенската лента.

„Заљубена сум во него. Веројатно и тој го има сватено тоа. Би сакала да имам некоја афера со него, но… Тој изгледа како мачо, полн е со позитивна енергија. Ми се допаѓа како шета, како ми приоѓа. Мажествен е и ми се допаѓа секое негово движење. Посебно ми се допаѓа тоа што го остава срцето на теренот“, вели Билјана.

Мис Билјана, објави заедничка фотографија од нив двајцата по мечот,  на која Роналдо изгледа среќен во нејзиното друштво.

Share
Scroll to Top