(Видео) Пеце Суперхикс се пофали дека е крал на бордањето

(Видео) Пеце Суперхикс се пофали дека е крал на бордањето

пред 3 години

Пејачот Петар Младеновски, или Пеце од „Суперхикс“ сподели неколку слики и видеа од зимувањето на Попова Шапка. Тој вози по патеката во слободен стил, а на една од сликите држи даска за бордање во рацете.

„Кралот на бордањето од 2000м“, напиша тој.

Пејачот не крие дека е љубител на зимските спортови, но вели дека му е жал што само еднаш годишно ги посетува ски-центрите и ужива во зимувањето и снегот.

 

Суперхикс 2020 година го извадија карантинскиот хит „На Велигден сум се затворил“, а годината ја завршија со онлајн концертот во МКЦ, за самата новогодишна ноќ.

Share
Scroll to Top