Фудбалерот Кристијано Роналдо, на крајот на септември потпиша нов договор и од Италија од тимот на Јувентус во Торино, се пресели во Англија во Манчестер Јунајтед. Тој најде нова вила во која живееше со семејството, но, брзо потоа си замина и почна да бара нова куќа.
Како што пренесуваат британските медиуми, тој со неговата девојка Георгина Родригез и децата си заминале од вилата заради галамата која ја правеле овците. Роналдо се плашел и за сопствената и безбедноста на неговото семејство, затоа што куќата се наоѓала во близина на пешачка пат.
„Иако имотот е прекрасен и се наоѓа меѓу бројни полиња и шуми, во близина имаше овци кои беа многу бучни рано утрото. Тука исто так абеше и јавната пешачка патека, која се гледаше од неговата влезна врата“, изјавил близок извор до Роналдо за британски „Сан“ и додал.
„Роналдо е вистински професионалец на кој му е потребен квалитетен одмор и опоравување по натпреварите, па одлучи дека најдобро е тој и неговото семејство се преселат“.
Во новата куќа имаат гаража во која можат да сместат четири автомобили. Имаат и базен, кино, сала, а имотот може да се види и од камерите кои се инсталирани на речиси секое ќоше. Има и електрична влезна врата.






