(Фото) Оливера првпат за роденден без Балашевиќ

(Фото) Оливера првпат за роденден без Балашевиќ

пред 4 години

На сопругата на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера, вчера ѝ беше роденден, а ова беше првиот роденден кој го прослави без него.

Роденден на Оливера на Инстаграм ѝ го честиташе ќерката Јована, која сподели фотка од своето најрано детство, на која позира заедно со мајка ѝ.

„Те сакам мамо. Среќен роденден! Твојот број еден“ – напиша Јована, а потоа покажа како Оливера го поминува роденденскиот ден. Таа позира со своите две внуки.

Инаку, Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари како последица од воспаление на белите дробови. Оливера и Ѓорѓе во брак беа 35 години, а ги имаат ќерките Јована и Јелена и синот Алекс.

Share
Scroll to Top