(Фото) Пинк заврши во болница откако го скрши зглобот на ногата

(Фото) Пинк заврши во болница откако го скрши зглобот на ногата

пред 4 години

Пејачката Пинк заврши во болница поради скршеница на скочниот зглоб. Таа ги поздрави фановите од болница и на својот „Инстаграм“ објави за повредата. За време на прегледот таа носела заштитна маска на лицето, за заштита од коронавирусот.

„Како ковидот да не ми беше доволен. Го пресеков прстот додека отворав вина. Ми ги извадија конците и сè мина во најдобар ред. Тогаш ме погоди инфекција со ништо предизвикана. Па, еве, го скршив зглобот на ногата. Среќни празници на сите. Кој е за коктел?“, им порача пејачката на фановите.

 

Share
Scroll to Top