(Фото) Работник во мртовечница обвинет за некрофилија, имал секс со девојка на која требало да ѝ прави аутопсија

(Фото) Работник во мртовечница обвинет за некрофилија, имал секс со девојка на која требало да ѝ прави аутопсија

пред 2 години

Работник во руска мртовечница е обвинет за некрофилија. Руските медиуми пренесоа дека 37 годишниот Александар А. бил отпуштен од работа откако надлежните утврдиле дека имал секс со Оксана Аплекаева, руската учесничка во шоуто „Големиот брат“, која беше убиена во 2008 година.

dobivaj vesti na viber

Случајот до ден денес остана неразјаснет, но надлежните утврдија дека Александар немал врска со убиството. Оксана стана позната по учеството во руската емисија „Големиот брат“, под името Don-2. Во септември 2008 година, камионџии ја нашле задушена на автопатот Рига кон Москва.

Ја идентификувале неколку дена подоцна, затоа што немала документи во себе. Криминолозите наведоа дека причината за нејзината смрт било гушење. Телото и било ексхумирано 10 години по смртта поради новата ДНК технологија и тогаш се откриени повеќе информации.

Се испоставило дека била сексуално злоставувана по смртта. Оксана во реалното шоу остана 75 дена и таму ја стекна славата. Често гостуваше на телевизија, а имаше добиено и неколку улоги во телевизиски серии. Имаше шпекуации дека се забавуваше со тенисерот Марта Сафин, но и дека нивната романса не траела долго.

Убиецот никогаш не беше пронајден, а по истрагата е утврдено дека работникот во мртовечницата ја силувал.

 

 

Share
Scroll to Top