Светската поп-пејачка Ријана сподели фотографија во која позира топлес, на балконот на луксузната вила.
Ријана на фотографијата позира само со раскошен накит и долна облека, а со раката ги крие голите гради. Со објавата поп-пејачката испромовира дел од новата колекција на својот бренд.
„Вечерва не сакам да облечам долна облека девојки“, напиша Ријана под неа.
За пола ден, таа собра осум и пол милиони лајкови, а во коментарите обожавателите и пишуваа дека „се вратила за да го сруши интернет“.