Британскиот музичар Том Џонс во вторникот вечерта со бастум одржа концерт во Калифорнија. 82 годишниот пејач седеше на столица додека публиката се забавуваше на неговите хитови. Пред пет години го оперираше левиот, а во септември дозна дека треба да го замени и десниот колк.
„Среќен сум што здравјето ме држи. Немам никакви проблеми кои ме мачат ниту пак имам проблем со некакви болести. Гласот сè уште ми е во одлична форма“, рече Џонс.
Пејачот во моментов е на турнејата Surrounded By Time во Америка. Претходно призна дека користел Вијагра, а откако во 2016 година остана без сопругата Линда, често може да се види во женско друштво. И претходно Том беше мета на обожавателките.
На неговите настапи можеше да се види како голем дел од девојките ја фрлаа долната облека на сцена, а еднаш една негова обожавателка му го фрли и клучот од нејзината хотелска соба.