(Фото) Турски фудбалер загина во сообраќајна несреќа

(Фото) Турски фудбалер загина во сообраќајна несреќа

пред 1 година

Фудбалерот на Коњаспор, Ахмет Чалик, загина во сообраќајна несреќа, во близина на Анкара. Според турските медиуми, Чалик, изгубил контрола врз автомобилот и излетал од патот. Починал на лице место.

Чалик, кариерата ја започна во 2011 година во Генчербилригки, по 6 години се пресели во Галатасарај, а од 2020 година играше за Коњаспор. Сезонава настапи на 18 натпревари.

Чалик играше на 8 натпревари и постигна еден гол за репрезентацијата на Турција.

Share
Scroll to Top