Моника Димова, модел и модна дизајнерка се најде на страниците на Форбс, во статија за стил и убавна. Моника е позната и како модна блогерка и инфлуенсерка под името „Роса Креспо“ и има над 370.000 следбеници.
На фотката објавена во Форбс, Моника е облечена во нејзин дизајн од колекцијата есен-зима, тоалета насловена Аурора и големи обетки „флирт“ на Фрејзиер Стерлинг.
Дизајнерските парчиња со потпис на Моника Димова се најдоа во европската модна индустрија и таа во моментов гради интернационална кариера со клинети од целиот свет.