Лурдес Леон (24), ќерката на Мадона, е ново заштитно лице на модниот бренд на Ријана „Севиџ икс Фенти“. Таа објави неколку слики во секси долна облека, тиркизни парчиња дополнети со многу асесоари и кожени чизми над колена.
Новите провокативни слики на Лурдес предизвикаа позитивни коментари во јавноста, па фановите на Ријана велат дека пејачката направила вистински избор што ја ангажирала неа.
Претходно, манекенката беше дел од новата кампања на Сваровски, за нивната најнова линија накит за млади дами.