Фудбалер на Манчестер Сити е во затвор поради силувања

Фудбалер на Манчестер Сити е во затвор поради силувања

пред 3 години

Фудбалерот на англискиот шампион, Манчестер Сити и репрезентативецот на светскиот шампион од 2018, Франција, Бежамин Менди, се наоѓа во притвор во Ливерпул, поради четири обвиненија за сексуален напад и силување. Тој се наоѓа во притворската едница во затвор HMP Altcourse.

Од клубот потврдија дека Менди бил суспендиран, а веќе подготвуваат и раскинување на договорот на штета на клубот со плаќање одредено обештетување.

Полицијата покренала истрага по пријавите од три девојки, кој го обвиниле дека ги силувал во периодот од октомври 2020 до август 2021 година. Меѓу нив имало и малолетна девојка.

Тој девојките ги силувал во неговиот дом во Престбуро во обласа Чешир. Последната девојка ја силиувал пред една недела. Тој пред судот првпат се појави  во петокот на 27 август.

Манчестер Сити го купи скапо левиот бек. Менди се смета за еден од најскапите играчи во историјата на англискиот фудбал и во ерата на шпанскиот тренер Пеп Гвардиола. Тој пристигна во Англија од тимот на Монако, од каде беше продаден за 57 милиони евра.

 

Ако обвиненијата бидат докажани, тоа ќе значи крај на фудбалската кариера на Менди, пишуваат англиските медиуми.

 


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top