Хари и Меган сакаат да се смират со Вилијам и Кејт за празниците, пишуваат британските медиуми. Портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс, кој сега живеат во Калифорнија, изјавил дека тие им испратиле честитка по повод десетгодишнината од бракот на Вилијам и Кејт.
Британските медиуми и експертите за кралското семејство на ваквиот гест гледаат како на подадена рака од Меган и Хари кон Вилијам и Кејт, со кого не разговарале речиси една година, откако го напуштија кралското семејство и со синот Арчи се преселија во САД.
Хари беше на погребот на својот дедо, принцот Филип пред десетина дена и беше виден во друштво на својот постар брат. Многумина нивниот разговор го протолкуваа како знак за помирување.
Нивните односи особено се влошија по интервјуто на Хари и Меган кај американската водителка Опра Винфри, каде открија за расистичките изјави на некои од постарите членови на кралското семејство.
Данкан Ларкомб, автор на „Prince Harry: The Inside Story“, тврди дека на принцот сега му е жал за интервјуто и е засрамен, и тој се согласил на интервјуто само затоа што бил лут на односот на кралското семејство кон неговата сопруга.