Џејсон Судикис и Иливија Вајлд по десет години врска и седум веридба, решија да се разделат. Тие изјавија дека останале во добри односи поради децата.
За Бред Пит и Никол Потуралски се пишуваше на големо дека се во врска, но извори блиски до глумецот подоцна открија дека работата не била сериозна.
Џон Хил и Џана Сантос никогаш не изнесоа детали за нивната разделба. Сепак, минатата година една година по веридбата тие се разделија.
Сијена Милер и Лукас Звинер се верија во февруари 2020 година. Медиумите пишуваа дека се заедно уште од 2018 година. Сепак, тие минатата година решија да стават крај на врската.
Популарниот рапер Офсет и пејачката Карди Би, од неодамна се разделија. Двајцата имаа турбулентен однос и многумина ги доведуваат во забуна кога ќе се појават заедно во јавнос. Во јавноста се шпекулира дека Кари побарала старателство на нивната ќерка.
Џенифер Гарнер и Џон Милер се забавуваа уште од 2018 година. Глумицата и богатиот бизнисмен сега наводно ја завршиле врската.
Скот Дисик и Софија Ричи имаа бурна врска, која заврши минатата година. Манекенката и поранешниот сопруг на Кортни Кардашијан беа заедно три години. Се шпекулира во јавноста дека токму неговата поранешна жена е причината за нивната разделба.
Меган Фокс и Брајан Остин Грин неколку пати се обидуваа да го спасат бракот, но, не им појде од рака. Глумицата подоцна најде помлад дечко, раперот Машин Ган Келиј. Поради децата, двајцата наводно останале во добри односи. Сепак Меган го критикуваше Остин кога за „Ноќта на вештерките“, на „Инстаграм“ објави фотографија од децата. И засмета тоа што јавно покажа љубов, истиот ден кога таа била заедно со нив.