Холивудски ѕвезди кои имаат сопствен бренд на алкохолен пијалок

Холивудски ѕвезди кои имаат сопствен бренд на алкохолен пијалок

пред 2 години

Холивудскиот актер Николас Кејџ наскоро ќе лансира алкохолен пјалок. Наводно актерот своето име го заштитил како вид на бурбон.

„Во Холивуд стана главна работа, да имаш сопствен бренд на пијалоци. Тоа може да биде исклучително профитабилно. Ник е човек за виски и бурбон и ќе оди во таа насока. Има исклучителен вкус, така што ќе бидат навистина добри пијалоци “, изјавил извор близок до актерот за „Сан“.

Оваа вест пристигна речиси истовремено со веста дека Дејвид Бекам (47) се активирал во работата на сопственото производство на алкохолни пијалоци. Поранешниот фудбалер сака да основа свој бренд на алкохолни пијалоци, со кои заедно со пивото би произведувал и алкохолни пијалаци како текила.

Тој наводно чека да му истече договорот со брендот за виски „Хаиг Клуб“, на кој е заштитно лице од 2014 година. Дејвид наводно бара партнери кои ќе му помогнат да развие бренд за пијалоци, а ја разгледува и можноста за производство на сокови и безалкохолно пиво.

Двајцата нови познати производители на алкохол штотуку ќе им се придружат на голем број свои врсници кои веќе имаат свои пијалоци и сериозно заработуваат од тоа.

Така, актерот Рајан Рејнолдс (46) има свој џин „Aviation American“, а Бред Пит (59) произведува врвни вина од неговите лозја во Франција.

Во бизнис страста за вината ја претвори и поп-ѕвездата Кајли Миног (54), која освен класични алкохолни вина, произведува и безалкохолни, а сите вина се рози.

Share
Scroll to Top