Хороскоп за 12 февруари: близнаците имаат проблем со комуникацијата, лавот е мрзелив

Хороскоп за 14 март: напредување на работа за лавот, понуда за брак за близнаците

пред 2 години

Овен
Емотивни сте, чувствителни, бурно реагирате на секоја ситница, а тоа се одразува и на вас и на луѓето околу вас. Љубов: обидете се да бидете поопуштени кога се во прашање емоциите. Работа: ве нервира стагнацијата во работата. Здравје: нервоза и стомачни болки.

Бик
Денес ќе бидете тактизирани кога се во прашање односите со луѓето околу вас и тоа ќе го правите исклучиво за себе. Љубов: оние кои се во врска ќе уживаат со партнерот во сите оние работи кои и двајцата ги сакаат. Слободните ќе се чувствуваат празно и осамено. Работа: денес ве следи возбуда и ентузијазам. Здравје: најчесто се е добро.

Близнаци
Денес сте особено креативни и решени да го исполните денот со позитивни работи. Љубов: некои од паровите можеби планираат да ја официјализираат својата врска. Слободните луѓе сонуваат за голема љубов. Работа: подготвени сте за промените што доаѓаат. Здравје: зголемен притисок.

Рак
Се чувствувате досадно и имате желба да промените нешто. Малите нешта можат да ве фрлат во негативен начин на размислување. Љубов: соочете се со проблемите, решете ги и продолжете понатаму. Работа: талентирани сте и ќе имате можност тоа да го покажете на дело. Здравје: стабилно.

Лав
Посакувате некои промени во вашиот живот, но не сте сигурни што би промениле. Ако се работи за партнерски однос, погрижете се да ја завршите приказната што ја имате и дури потоа да преминете на нешто друго. Љубов: копнеете по нови возбудувања. Работа: ќе имате одлична можност за напредување. Здравје: можни инфекции.

Девица
Не сте концентрирани на работите што треба да ги правите во текот на денот, па можни се пропусти. Љубов: дајте го најдоброто од себе во љубовната врска. Работа: одложи ги важните работи за подобар ден. Здравје: проблеми со видот.

Вага
Некој може да се обиде да скрие нешто од вас денес. Не е ништо големо, но може да боли. Љубов: факултативна авантура може да ви направи поголем проблем бидејќи тешко дека ќе остане скриена. Работа: вашата работа доаѓа до полн израз. Здравје: кардиоваскуларни проблеми.

Шкорпија
Не можете секогаш да очекувате успех, особено ако не се трудите премногу. Направете план и почнете да го спроведувате. Љубов: искреноста е многу важна сега. Работа: бидете поотворени за соработка. Здравје: добро.

Стрелец
Внимавајте ако ви пријде личност која веќе на некој начин ве повредила претходно. Љубов: партнерот не е во чекор со вас.Работа: вашата енергија е одлична, искористете ја. Здравје: добро.

Јарец
Нечиј обид да влијае врз вас може многу да ве иритира и да ве натера да откачете. Обидете се да останете смирени. Љубов: ги криете чувствата од несигурност. Работа: не ја гледате перспективата каде што сте, и не правите ништо за да одите напред и да направите нешто што ќе ве направи среќни. Здравје: јадете поздраво.

Водолија
Имате одличен ден пред вас. Лесно ќе ја почувствувате силната енергија која ве обзема во најпозитивна смисла. Љубов: имате целосно право да поставите граници за да можете непречено да видите до каде можете да одите во она што ве интересира. Работа: не трошете време анализирајќи ја секоја ситница. Здравје: фокусирајте се на себе.

Риби
Одделете се малку од партнерот за да можете да средите некои емотивни прашања. Љубов: често размислувате за работи кои ви се недостапни од сегашна перспектива. Работа: ова не е добар ден за нова работа. Здравје: избегнувајте се што ве исцрпува денес.

Share
Scroll to Top