Манипулации, замки и перење мозок: што се случува кога сте во врска со нарцисоидна личност

Манипулации, замки и перење мозок: што се случува кога сте во врска со нарцисоидна личност

пред 3 години

Нарцис е личност што има развиено нарцисоидно нарушување на личноста, односно ментално нарушување, каде што личноста на својата индивидуа ѝ дава претерано значење и прави сè за да си ја оствари својата корист и добросостојба не избирајќи средства.

Овие личности сакаат другите да им се восхитуваат, секогаш да го добиваат она што го сакаат и да бидат во центарот на вниманието. Како би ги исполниле своите цели, ваквите личности користат жртви како би ја зеле нивната енергија и би се направиле себеси подоминантни и поважни.

Тие најчесто се користат со разни видови манипулација и манипулативни тактики како би ја презеле контролата над животот и енергијата на другите луѓе. Себеси најчесто се претставуваат како совршени и идеални партнери, а потоа прават сè за да ја уништат вашата самодоверба, а нивната би се подигнала.

Еден од најосновните тактики што нарцисите ја прават е перењето мозок кај жртвите и развивањето чувство на вина. Иако сте свесни за нивните грешки, тие сепак ќе успеат за час да ви го променат мислењето и да ви ја префрлат вината. Во еден момент ќе посакате засекогаш да ги оставите, а во друг ќе почнете да се извинувате за своите постапки.

Во текот на овој процес нарцисите ја доведуваат жртвата во таканаречена шок-состојба, во која ги преиспитуваат своите вредности, уверувања и погледи на реалноста.

Додека нарцисите ја испревртуваат вистината, жртвите почнуваат да се сомневаат во себе и тешко им е да ја спознаат вистината.

Во односот со нарцисоидна личност ќе бидете критикувани одново и одново додека тој ќе преминува нови граници, а вие ќе бидете сè помалку спремни да ја забележите правата вистина.

Врската со нарцисоидна личност може да остави трајни оштетувања на менталниот и емотивниот статус на жртвата. Нарцисоидната личност најлесно ќе ја препознаете на самиот почеток на односот, а колку повеќе односот се провлекува, толку потешко ќе ви биде да ја прекинете ваквата токсична врска.

Кога ќе препознаете нарцис според веќе наведеното однесување, избегнувајте натамошно продлабочување на тој однос. Во спротивно, ќе западнете во замката на најголемиот манипулатор.

Share
Scroll to Top