Прво бебе во светот родено со антитела на коронавирусот

Прво бебе во светот родено со антитела на коронавирусот

пред 3 години

Жена од Флорида го родила првото бебе во светот кое има антитела на коронавирус, тврдат лекарите.

Објавено е мислењето на двајцата педијатари кои дошле до ова сознание, а нивното тврдење допрва треба да биде потврдено.
Лекарите Пол Гилберт и Чед Радник велат дека мајката првата доза ја примила во јануари, во 36-тата недела од бременоста.

Се породила три недели подоцна, кога на свет донела здраво девојче. Во јануари на девојчето е земен примерок од крвта и извршен ДНК тест.

Анализирајќи ја крвта од папочната врвца на бебето биле детектирани антитела, па докторите сметаат дека ова дава надеж за потенцијална заштита од инфекција со што би се намалил ризикот од SARS-CoV-2 преку вакцинација на мајката.

„Ја тестиравме да видиме дали мајчините антитела се пренесуваат на бебето. Според нашите први сознанија, ова е првото бебе на светот кое е родено со антитела после вакцинација“, рече педијатарот д-р Пол Џилберт.

 

 

Share
Scroll to Top