Овен 21.3-20.4.
Љубов: Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став.
Кариера: Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење.
Здравје и совет: Издржете.
Бик 21.4- 20.5.
Љубов: Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение.
Кариера: Незадоволните од работата, ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро.
Здравје и совет: Работете го она што го сакате.
Близнаци 21.5.-21.6.
Љубов: Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси, ќе се појават и фрустрации.
Кариера: Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно.
Здравје и совет: Ви треба кус одмор.
Рак 22.6-22.7.
Љубов: Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот, што ќе го помнинете со кого вие сакате.
Кариера: Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример, а вие ќе бидете поотворени од вообичаено.
Здравје и совет: Уривате рекорди.
Лав 23.7-22.8.
Љубов: Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина.
Кариера: Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи.
Здравје и совет: Не мора да се брзате.
Девица 23.8.-23.9.
Љубов: Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен.
Кариера: Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите.
Здравје и совет: Ќе имате пријатни сништа.
Вага 24.9.-23.10
Љубов: Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе.
Кариера: Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат.
Здравје и совет: Немојте да си го расипете карактерот.
Шкорпија 24.10-22.11.
Љубов: Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена.
Кариера: Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте.
Здравје и совет: Не знаете до каде може да стигнете.
Стрелец 23.11.-21.12.
Љубов: Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи.
Кариера: Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола.
Здравје и совет: Ќе бидете фокусирани на други.
Јарец 22.12.-20.1.
Љубов: Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати.
Кариера: Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите.
Здравје и совет: Некои имаат духовни искуства.
Водолија 21.1.-19.2.
Љубов: Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил.
Кариера: Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови.
Здравје и совет: Помирете се со реалноста.
Риби 20.2.- 20.3.
Љубов: Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет.
Кариера: Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед.
Здравје и совет: Имате право кога ја негувате натуралноста.