Хороскоп за 19 јули: Овенот да не седи со скрстени раце, а вагата да не наседнува на измами од блиски луѓе

Хороскоп за 24 јули: период на промени во љубовта за бикот, патување за рибите

пред 1 година

Овен
Работа: потрудете се работите да ги согледате од свој агол и пред да донесете каква било нова одлука. Љубов: комуникација со личноста што ви значи ви носи радост во животот. Здравје: минлива кашлица.

Бик
Работа: може да се надевате на позитивни промени кога е во прашање вашата работа. Ви доаѓаат некои добри вести набргу. Љубов: сакате да бидете во врска со личност што ја набљудувате веќе некое време. Доаѓа момент на промени. Здравје: ќе ви годи да внесувате свежи продукти.

Близнаци
Работа: можно е да постои неискреност во вашиот однос кон соработниците и да владее, генерално, негативна атмосфера на работа. Љубов: може да очекувате дека со саканата личност ќе успеете да најдете компромис. Здравје: одморајте.

Рак
Работа: доколку сте подготвени да се посветите на новата работа или на новите проекти, ќе бидете задоволни. Љубов: може да очекувате ново познанство, кое ќе остави многу добар впечаток на вас. Здравје: внесувајте повеќе витамин Ц.

Лав
Работа: сметате дека заслужувате нова можност да напредувате. Нема да се откажете додека не ја добиете. Љубов: сакате да бидете трпеливи во односот со личноста што ви значи и да ја пуштите до крај да ви се отвори. Здравје: проблеми со такихардија.

Девица
Работа: може да ви се укаже шанса за промена на работата денеска. Ќе имате можност да го остварите она што го сакате. Љубов: можен е почеток на врска со личност што ви се допаѓа. Подготвени сте за нови љубовни случувања. Здравје: развивајте здрави навики.

Вага
Работа: Потрудете се обврските да ги завршите навреме за работите непречено да функционираат. Љубов: многу бргу ќе остварите ново познанство со личност што ќе ви биде интересна. Имате можност за флерт. Здравје: мал пад на енергијата.

Шкорпија
Работа: давате сè од себе за на ова поле да остварите што подобри резултати и подготвени сте да продолжите да се трудите. Љубов: знаете дека сакате да бидете само со вашиот партнер и немате дилеми. Здравје: менувајте го стресниот начин на живеење.

Стрелец
Работа: ги решавате проблемите што настанале во вашето работно опкружување. Подготвени сте да покажете одлучност. Љубов: можно е да имате додворувач, кој станува напорен. Ова е период во кој сакате да бидете сами. Здравје: ќе ви годи медитација.

Јарец
Работа: очекувајте дека денеска ќе успеете да остварите некоја своја цел. Љубов: со саканата личност ќе имате добар однос во текот на денешниот ден. Ве очекува поволна атмосфера на љубовното поле. Здравје: одлично се чувствувате.

Водолија
Работа: може да очекувате почнување нови активности кога е во прашање полето на работа. Ќе бидете задоволни од околностите. Љубов: имате добар однос со саканата личност. Подготвени сте максимално да се посветите. Здравје: добро.

Риби
Работа: ако планирате работно патување, ќе бидете задоволни од тоа што ќе го остварите. Љубов: може да имате интересен однос со личност што е подготвена да ви биде партнер на долги патеки. Здравје: полни сте со енергија.

Share
Scroll to Top