Цеца Ражнатовиќ која е член на жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ на своите колеги по настапот на кандидатката на која таа и е ментор Тамара Вујачиќ им делеше сапуни. Ваквиот гест на Цеца е поради тоа што Вујачиќ ја отпеа песната „In Corpore Sano“ од Ана Ѓуриќ – Констракта.
„Еве и Цеца и мене даде сапун, изгледа имам корона, не чувстувам мирис. Но, ако е ова за уметниците да бидат здрави, тогаш и јас сум уметник“, изјави Саша, а потоа го прашаа Мили дали и тој има сапун. „Да, да си ја мијам косата со него“, се пошегува тој.
По овој момент Саша Поповиќ најави прегласување, на што се спротивставија дел од членовите на жирито, велејќи дека е штета да не се пуштат двајцата кандидати. Директорот сепак не сакаше да помине се така лесно, па направи тензија и неизвесност, додека прво додека го отвораше сапунот на Цеца, без да ги погледне кандидатите.
„Морам прво да видам каков е сапунот. Каков е тој? – ги праша Саша колегите.
„Прекрасен е, жолт, мириса на мед и млеко“, му одговори Снежана Ѓуришиќ кога сите во еден глас почнаа да викаат дека веќе се измиле.
Кога се увери во квалитетот на сапунот, Саша пресуди со звуците на тапаните во корист на двете девојки да се пласираат диркетно во следниот круг.