Иако магдоносот скоро секојдневно го конзумираме преку храната, чајот од магдонос е одличен за да се намали холестеролот, тврдат експертите. Магдоносот содржи две групи специјални состојки, многу важни за здравјето. Во првата група се природни етерични масла, а во другата флавоноидите. Магдоносот, исто така, е богат и со витамините Ц, А и К, па се препорачува да се консумира почесто во сезоните на грип и настинки.
Подготовката на овој чај е лесна. Потребни ви се 1,5 литар вода, 3 китки магднос, 1 кг лимон, сода бикарбона. Лимонот добро измијте го со сода бикарбона за се отстранат пестицидите и нечистотијата. Водата зовријте ја и оставете ја да се олади. Во поголем сад исечкајте го на кришки лимонот, а магдоносот исечкајте го ситно и прелијте ги со оладената вода. Затворете го садот и ставете го во фрижидер да отстои еден ден. Потоа, блендирајте ја смесата со рачен блендер и секојдневно пијте по 100 мл од чајот.