Четири групи храна што треба да ги избегнувате ако сакате полесно да слабеете

Четири групи храна што треба да ги избегнувате ако сакате полесно да слабеете

пред 3 години

Спортувањето и диетите имаат големи придобивки за слабеењето, но новите студии откриваат дека правилната исхрана е основа за успешно да ги намалите килограмите. Затоа, ако сакате да ослабете, од изхраната треба да исфрлите четири типа храна.

Газирани пијалаци

Газираните пијалоци се најголемиот извор на празни калории. Кога пиете сокови, телото е исполнето со шеќер и не добива никаква хранлива вредност. Овие сокови го исполнуваат телото со голема количина калории, но нема да ве заситат бидејќи немаат хранлива вредност. Ако редовно пиете сокови, веројатно ќе се здебелите. На пример, една лимнека газиран сок од 330мл содржи околу 160 калории. Ако пиете лименка сок на ден, ќе внесете околу 4800 дополнителни калории за еден месец, што е околу 0,6 килограми.

Алкохол

Ако сакате да изгубите тежина треба да престанете да пиете алкохол. И тој, исто како соковите, содржи празни калории и нема вистинска хранлива вредност. Алкохолот нема да ве засити и ќе добиете дополнителни калории во вашето тело. Алкохолот исто така ве охрабрува да јадете повеќе, и го забавува метаболизмот.

Транс-масти

Транс-мастите се наоѓаат во многу пржена и преработена храна. Транс-мастите поттикнуваат дебелеење, а предизвикуваат и акумулација на маснотии од други делови на телото во стомакот. Луѓето кои сакаат да изгубат тежина треба да избегнуваат преработена храна.

Рафинирани житни култури

Рафинираните житни култури вклучуваат брашно, бел леб, бел ориз, бели тестенини и нивни деривати. Нутриционистите ги нарекуваат „лоши јаглехидрати“ затоа што оваа храна е одговорна за зголемување на телесната тежина кај многу луѓе. За време на процесот на обработка, оваа храна губи влакна и хранливи материи, а остануваат шеќер и скроб, кои се претвораат во маснотии и доведуваат до гоење. Ако сакате да изгубите тежина, треба да ги избегнувате овие намирници и да јадете производи од цели зрна.

Share
Scroll to Top