Четири девојки од Македонија освоија титули на светскиот избор за убавина World Next Top Model 2022, што неодамна се одржа во Бејрут, Либан. Мија Стерјовска, Ана Брзанова, Катарина Јовановска и Ива Пеева, сите членки во Модното студио Црнокрак, се вратија со награди од реномираниот избор на кој учествуваа девојки од цел свет.
„На изборот во Либан учествуваа преку 40 девојки и ова навистина претставува огромен успех за Македонија и Модното студио Црнокрак. Сите сме пресреќни“, рече Светлана Црнокрак, која заедно со сопругот Мики е сопственичка на модното студио.
Црнокрак ја поседува лиценца за Македонија за овој интернационален избор за модели кој секоја година традиционално се одржува во Бејрут.