„Чувствував како да ги положив сите испити кога ме покани на концерт“, Северина со емотивна објава се прости од Балашевиќ

пред 6 години

Многу естрадни уметници од просторите на поранешна Југославија беа силно погодени од смртта на легендарниот југословенски пејач Ѓорѓе Балашевиќ. Меѓу нив беше и пејачката Северина, која со емотивна порака се прости од легендарниот кантавтор.

Северина раскажа анегдота кога Балашевиќ ја поканил една вечер и ја замолил да биде негов специјален гостин на концерт во Нови Сад.

Ова е нашата прва средба во 2001 година во Нови Сад. Се сретнавме случајно во пицерија. Го прашав што јаде за да пишува такви стихови. Tој се насмеа. А потоа една вечер ми се јави и ми рече дека никогаш немал гостин на концерт и дека тој би сакал да бидам гостин на неговиот концерт во Нови Сад, како изненаден гостин.

Чувствував како да сум поминала сè на колеџ (на мајка ми наместо матурската слика и го приложувам ова). Како деканот да ме повика да бидам со него на сцената, како некој најдобар студент – напиша Северина и продолжи: – Помислив, добро, тоа е како Спрингстин да ми се јавија да настапувам со нив… Исто беше за мене.

На концертот ме најави вака: „Мојот син, ми вели ‘тато, сè е во ред, но би сакал да ја донесеш Северина на концертот’. Луѓето од публиката се смееја и помислија дека раскажува шега. И тогаш тој рече: ‘Каков татко би бил, ако не ги исполнам сите твои желби. Сине, еве ја Северина’. Ги пеев „Вирујен у те“ и „Ја само пјевам“ и после останавме во контакт. Ти беше врвот, таа цреша на врвот на тортата, јас бев „Провинцијалка“ и „Девојка со чардаш нозе“. Сите жени чекаа баш таков, од тие песни. И ти беше таков. Не знам како да се збогувам. Замина стражарот на длабокото значење. Те сака твојата Марија“, напиша Северина.

 

За потсетување, Балашевиќ почина вчера на 68 години од коронавирус.

Share
Scroll to Top