Шакира во врска со десет години помладиот рапер Дрејк

Шакира во врска со десет години помладиот рапер Дрејк

пред 7 месеци

Пејачката Шакира е наводно во врска со десет години помладиот рапер Дрејк, пренесоа светските медиуми. Двајцата биле видени на забава во раните утрински часови во Западен Холивуд, а извори блиски до нив за „Дејли Мејл“ ги потврдија гласините.

Иако на крајот не си заминале заедно, рекоа дека пејачката била среќна во друштвото на Дрејк.

Шакира претходно беше во врска со поранешниот фудбалер Жерар Пике, со кого има два сина, а потоа ја врзуваа со возачот во Формула 1, Луис Хамилтон и со глумецот Том Круз.

Откако се разведоа со Пике, фудбалерот продолжи со Клара Чиа Марти, со која од неодамна почна да живее заедно. Клара се пресели во неговата куќа во Шпанија во која живееше со Шакира.

За потсетувње, по нивната разделба, Шакира дозна дека ја изневерувал, па му посвети и песна, која и донесе милионски прегледи и заработка.

Раперот Дрејк никогаш не се ожени, а во една прилика рече дека приоритет му се музиката и работата.

„Не знам. Бракот ми се чини како нешто од античко време. Можеби еден ден ќе се случи и тоа, но, сега чувствувам дека не можам да му го дадам на некому тоа што е потребно за брак. Не сакам да го разочарам. Животот и работата ми се приоритети“, рече Дрејк.

Раперот беше во врска со голем број пејачки и ѕвезди низ годините, како Тајра Бенкс, СЗА и Ријана, а на крајот рече дека не може да се ожени со некој што е познат.

Share
Scroll to Top