Шинид О’Конор бара помош за синот

Шинид О’Конор бара помош за синот

пред 4 години

Познатата  ирска пејачка Шинид О’Конор ги замоли фановите на „Твитер“ да се молат за нејзиниот 16-годишен син.

“Страшен ден од пеколот”, напиша таа, додавајќи веднаш потоа: “Ако имате вишок молитва, ве молам насочете една за мојот син Шејн. Светлината на мојот живот”.

О’Конор, која се нарекува и Шухада Садакат, по прифаќањето на исламот, не открива што всушност се случува со нејзиниот син и ова не е прв пат да побара помош од фановите во врска со синот. Пред две години, таа молеше да и се помогне да го пронајде тогаш 14-годишниот Шејн, кој исчезнал од нивниот дом во Даблин. Тој бил пронајден два дена подоцна, здрав и безбеден.

Инаку, Шинид О’Конор со години се бори со психолошки проблеми и зависности, а пред три месеци објави дека оди на третман за рехабилитација од дрога.

 

Share
Scroll to Top